„Фајненшл тајмс“: Европските банки ѝ платија на Русија 800 милиони евра даноци минатата година

17

Европските банки кои сè уште работат во Русија минатата година платиле во рускиот буџет 800 милиони евра даноци, што е четири пати повеќе отколку пред војната во Украина, пишува Фајненшл тајмс.

Европските банки Raiffeisen Bank International (RBI), Unikredit, Komercbank, Deutsche Bank, Inteza Sanpaolo, ING и OTP објавија дека нивната заедничка добивка во Русија во 2023 година надминала три милијарди евра, што е три пати повеќе од 2021 година.

Споменатите банки платиле данок од 800 милиони евра поради скокот на профитабилноста, додека во 2021 година платиле 200 милиони евра.