Фајзер им даде дозвола на другите компании да произведуваат таблети против Ковид

54

Pfizer соопшти дека ќе ја даде лиценцата за лекот против COVID-19 на организацијата Medicines Patent Pool од Женева, која дополнително ќе даде дозволи на компаниите да го произведуваат лекот за употреба во 95 земји.

Фармацевтската компанија Pfizer потпиша договор со организацијата на Обединетите нации да им дозволи на други производители да го прават експерименталниот лек против COVID-19.

Договорот исклучува некои големи држави кои поминаа низ силни бранови на пандемијата.

Здравствените власти велат дека фактот што е постигнат договор пред да се одобри лекот на Pfizer некаде, може да помогне побрзо да се стави крај на пандемијата.

Еден од шефовите на Medicines Patent Pool рече дека другите производители на лекови би можеле да почнат со производство на таблетите во следните неколку месеци, но додаде дека е свесен оти договорот нема да ги задоволи сите.

Според условите од договорот, Pfizer нема да добие надомест за патент за продажба во земји со низок БДП, а ќе се откаже од патентот за продажба во сите земји кои се дел од договорот.