Факом ќе исплаќа дивиденда од 166,8 милиони денари од нераспределени добивки

21

fakom

Управниот одбор на компанијата Факом на Собранието на акционери му предлага донесување на одлука за распределба на нераспределената добивка од 2007 и дел од 2008 година за исплата на дивиденда, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

“Со оваа одлука се врши распределба на нераспределената добивка од 2007 година во износ од 27.906.521 денари и дел од нераспределената добивка од 2008 година во износ од 138.974.157 денари или вкупно во износ од 166.880.678 денари за исплата на дивиденда“, се наведува во предлог одлуката.

Износот на дивиденда за една акција во бруто износ, според дивидендниот календар, изнесува 2.491,6 денари, додека во нето износ е 2.242,45 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2007 и 2008 година е 04.03.2016 година. Датумот на евиденција на акционерската книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2007 и 2008 година е 09.03.2016 година.

Прв датум на тргување без право на дивиденда е 07.03.2016, додека исплатата ќе се изврши најдоцна до 30.06.2016 година.