Факом прокнижи добивка од 3,5 милиони денари во првото полугодие

13

fakom 1

Компанијата Факом прикажа позитивен финансиски резултат од 3.523.000 денари, што е резултат од зголемениот физички обем на производство, се вели во Образложението кон Билансот на успех.

“Во првата половина од оваа година се остварија вкупни приходи од 667,1 милиони денари и кај истите има  зголемување од 108,85% споредено со истиот период од 2014 година. Кај вкупните расходи има зголемување за 86,63% во споредба соодветниот период од минатата година“, се вели во Образложението.