Факом со деветмесечна добивка од 14,9 милиони денари

35

Компанијата Факом, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 14.923.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата оствари добивка од 1.356.000 денари.

“Во периодот од 01.01.-30.09.2020 година, Друштвото оствари позитивен финансиски резултат во износ од 14.923.121 денари наспроти добивката за истиот период од 2019 година која изнесуваше 1.355.656 денари. Зголемувањето се должи на зголемениот обем на работа каде што оперативните приходи се зголемени за 22% во однос на истиот период. Финансиските приходи се намалени за 41% и за овој период немаме приходи врз основа на камати од работењето со неповрзани друштва. Вкупните приходи за периодот од 01.01.-30.09.2020 година изнесува 927.186.675 денари и се зголемени за 22% во однос на истиот период 2019 година. Бруто профитна маржа за период од 01.01.-30.09.2020 г. е 1,63% или 0,18% за истиот период од 2019 година“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, достигнаа 915.765.000 денари, од коишто на домашен пазар отпаѓаат 314.627.000 денари, а поголемиот дел од 601.138.000 денари е продажба на странски пазари.

Фото: Freepik