Факом со добивка од 1,5 милиони денари во 2020 година

39

За компанијата Факом минатата година заврши со вкупна сеопфатна добивка од 1.534.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на Факом беше 2.781.000 денари.

“Во периодот од 01.01.-31.12.2020 година Друштвото оствари бруто добивка од работењето во износ од 1.862.030 ден. или за 33% помала од 2019 година. Ова се должи пред сè на бројните предизвици со кои се соочи нашата компанија како резултат на моменталната криза предизвикана од covid-19 и го промени целокупното деловно опкружување. Вкупните оперативни приходи во 2020 година изнесуваат 1.205.517.734 денари и истите се зголемени за +6% во однос на 2019 год. Финасиските приходи во 2020 год. се намалени за -61% во однос на 2019 г. како резултат на намалените приходи врз основа на камати од работењето. Вкупните приходи за 2020 г. се зголемени за +5% во однос на 2019 г“, стои во Образложението на финансиските извештаи.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември 2020 година, изнесуваа 1.192.460.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 401.652.000 денари, додека поголемиот дел од 790.808.000 денар е продажба на странски пазари.

Фото: Pexels