Факом со добивка од 23.770 денари во првото тримесечје

68

Факом првото тримесечје од оваа година го заврши со добивка од 23.770 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период во 2020 година, компанијата прикажа добивка од 3.097.707 денари.

“Приходите од продажба се намалени за 39% во однос на лани, од кои приходите на домашен пазар се зголемени за 6% а приходите остварени на странски пазар се намалени за 54%, сето ова е резултат на кризата со Ковид 19 која влијае на оперативното и финансиско работење на компанијата“, стои во Образложението кон билансот на успех на компанијата.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, беа на ниво од 211.129.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 89.103.000 денари, а поголемиот дел од 122.026.000 денари е продажба на странски пазар.

“Финансиските приходи на 31.03.2021 г. бележат намалување за 71% и тие се однесуваат на намалената реализација од странство (фактурирање на странски фактури) а од тоа произлегува помал приход од позитивни курсни разлики“, стои во Образложението.

Фото: Facebook