Факом за шест месеци прокнижи добивка од 119.000 денари

135

Факом во првото полугодие од оваа година е 119.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од минатата година, добивката на компанијата беше 10.130.000 денари.

“Во периодот од 01.01 до 30.06.2021 година Друштвото оствари позитивен финансиски резултат во износ од 119.329 денари наспроти добивката од 10.130.012 денари за истиот период во 2020 година. Ова се должи пред сè на бројните предизвици со кои се соочи нашата компанија како резултат на моменталната криза предизвикана од Ковид-19 и го промени целокупното деловно опкружување“, стои во Образложението.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, достигнаа 447.901.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 143.825.000 денари, а поголемиот дел од 304.076.000 денари е остварен на странски пазар.

Фото: Pexels