Факти за човечкиот организам (2)

114

Уште една доза на интересни факти за совршенството на природата – човечкиот организам.

Носот може да запамети 50.000 различни мириси.

Освен отпечатокот од прстот и отпечатокот од јазикот е различен кај секој човек.

За време на REM фазата на сонот можете да запаметите песна. Човечкиот мозок тогаш е способен за извршување на задачи од ваков вид.

spienje

Научниците открија околу 1.500 нови видови на бактерии и тоа во папокот.

Доколку човечкото око беше камера, ќе имаше резолуција од 576 мегапиксели.

Киселината во желудникот е толку силна што може да раствори цинк. За да не се свари самиот, неговите ќелии се создаваат три пати побрзо отколку што умираат.

Крвта на возрасниот човек “дневно поминува” 96.540 километри. Крвите садови се состојат од 160.000 километри артерии, вени и капилари.

Забите почнуваат да растат шест месеци пред да се роди бебето.

Ако направите израз на лицето кој емитира одредена емоција, истата ќе ја почувствувате.

И човечкото тело свети, но таа светлина е 1.000 пати послаба од онаа што окото може да ја регистрира.

Ако човечкиот мозок беше сметач, ќе можеше да извршува 38 илјади трилиони операции во секунда. За споредба, најјакиот супер компјутер во светот BlueGene може да изврши околу 0,02% од тој број.

За да направите само еден чекор, морате да ангажирате 200 мускули.

trcanje-pexels

Бебето кога ќе се роди има 144 коски повеќе од возрасен човек. Потоа во процесот на растење некои коски се спојуваат.

Кога спиеме, растеме за околу 8 мм. Следниот ден повторно доаѓаме на својата претходна висина, поради тоа што р’скавицата се собира како сунѓер кога стоиме или седиме.

Доколку бремена жена повреди некој внатрешен орган, бебето од матката испраќа матични клетки за заздравување.

Фото: Pexels