Факти за човечкиот организам што ќе ве изненадат

123

Интересни и зачудувачки факти за функционирањето на нашиот организам, здравјето и верувањата.

1

Во некои делови од светот со цел да ги заштитат бебињата од болести ги капат во пиво.

Зборот gymnasium (сала за вежбање) доаѓа од грчкиот збор gymnazein, што во превод значи вежбање без облека.

Има повеќе бактерии во устата отколку луѓе во светот.

Премногу пушење цигари може да доведе до слепило.

Во 1977, кај 13-годишно дете е забележан заб кој никнал од неговото лево стапало.

Повеќе калории се согоруваат спиејќи отколку додека гледате телевизија.

Децата најбрзо растат напролет.

dete

Луѓето кои пишуваат со десна рака во просек живеат девет години повеќе од леваците.

За време на просечниот животен век човекот јаде околку 30 тони храна или колку тежината на шест слона.

Помеѓу 25% и 35% од луѓето киваат кога ќе погледнат во светлина.

Просечната тежина на човечкото срце изнесува 285 грама.

Човечкото око може да разликува најмногу зелени нијанси од било која друга боја.

oko

За да се произведе говор, потребни се 72 различни мускули во телото.

Едно од 2.000 бебиња се раѓа со оформен заб.

Мажите имаат повеќе крв во своето тело од жените, или 5,6 наспроти 3,3 литри.

Потта сама по себе нема мирис, она што го дава непријатниот мирис се бактериите од кожата.

Човечкиот мозок престанува да расте во 18-та година од животот.

Сумерите, антички народ кој живеел 5000 год. п.н.е верувале дека црниот дроб произведувал крв, а срцето е центарот на мислењето.

Фото: Pexels