Факти за ексцентричниот милијардер Илон Маск

38

Неколку интересни факти за иноваторот и основачот на Tesla, Space X, Solar City… Илон Маск.

17884321_272343979892551_198720713725180480_n

Фото: Facebook

Како дете, Маск честопати зјапал во далечината кога неговите родители му зборувале, што било причина да помислат дека е глув.

Често бил тепан и задеван од другите деца во училиштето каде што одел во Јужна Африка. Тепањето оставило и поголеми лузни па Маск на 42-годишна возраст направи операција за поправање на скршена носна преграда.

Холивудскиот филмски лик Тони Старк или Iron Man во голем дел е базиран токму на ексцентричниот милијардер Илон Маск.

Исто како Стив Џобс и останатите познати претприемачи, официјалната плата на Маск од Tesla Motors е само еден долар.

На 12-годишна возраст самиот научил компјутерско програмирање и креирал видео игра наречена Blastar, којашто подоцна ја продал за 500 долари.

Не добил американско државјанство сè до 2002 година, кога имал 31 година.

Се запишал на Универзитетот Станфорд, но само по два дена решил да го напушти и да ги искористи големите можности на интернетот.

Кога имал 17 години татко му го испратил на тура низ Западот. Откако слетал во САД, Маск посетил 18 држави со автомобил.

Изработувањето ракети и експлозиви му било омилено хоби, нешто што ќе прерасне во реалност со неговата компанија SpaceX.

Неговата прва компанија Zip2, за онлајн весници со мапи и деловни именици, Маск ја продаде во 1999 година за 307 милиони долари.

Со првата жена Џастин, авторка од Канада, Маск се оженил во 2000 година, а се развел во 2008 година. Двојката има пет сина, близнаци и тројка. Со неговата втора жена, британската актерка Талула Рајли, Маск се оженил и развел два пати. Оваа врска завршува во 2012 година.

Маск ја потпишан петицијата за донирање (Giving Pledge) со којашто ветува дека ќе го донира најголемиот дел од своето богатство за доброто на човештвото. Петицијата ја имаат потпишано Бил Гејтс, Ричард Брансон, Ворен Бафет и Марк Цукерберг.

Тој има идеја за “петти начин на транспорт“. Имаме автомобили, возови, авиони и бродови и според Маск петтиот е Hyperloop – транзитен систем со огромна брзина, што нема никогаш да доживее судар и ќе биде отпорен на секакви временски услови.

Верува дека најголема закана за човештвото е вештачката интелигенција. Тој стравува дека таа ќе стане толку моќна што може да биде причина за истребување на човештвото.

Во еден период од својот живот, Маск пиел по 2,8 литри Coca – Cola дневно и неколку шолји кафе. Тоа му било потребно со цел да остане буден и фокусиран за време на 100-часовните работни недели кога ги градел и стартувал своите компании.