Факти за социјалните медиуми

87

Фактите подолу говорат за тоа колку социјалните медиуми се дел од нашиот секојдневен живот.

Заклучно со јануари годинава, интернет користат 4,2 милијарди луѓе, а колку за споредба светската популација изнесува 7,7 милијарди жители.

Социјалните мрежи бројат 3,3 милијарди активни корисници, кои пак во просек дневно поминуваат 116 минути на некоја од нив.

Дури 81% од малите и средни бизниси користат барем еден социјален медиум.

Најновите податоци велат дека Facebook има над две милијарди корисници, Flickr брои 90 милиони, Instagram една милијарда, LinkedIn 610 милиони корисници, Pinterest 250 милиони, Snapchat 186 милиони дневни корисници, Twitter има 326 милиони, WhatsApp го користат 900 милиони, додека Youtube брои 1,5 милијарди корисници.

Најдобрите три начини за рекламирање на социјалните медиуми се содржини на социјалните медиуми (83%), блогови (80%) и мејл во форма на newsletter (77%).

78% од корисниците гледаат онлајн видеа секоја недела, додека 55% тоа го прават на дневна база.

На Facebook има 60 милиони активни бизнис профили.

Просечниот корисник на Twitter има 707 следбеници. 

Повеќе од 95 милиони фотографии дневно се прикачуваат на Instagram.

106 милиони корисници на LinkedIn пристапуваат на социјалната мрежа еднаш месечно.

Останува на секој индивидуално да заклучи колкав е бенефитот, наспроти негативните страни на онлајн комуникацијата.

Фото: Pexels