Трошоците за увоз на храна годинава ќе надминат две милијарди долари поради зголемувањето на цената на какаото, кафето и чајот што ги увезуваат богатите земји, објави Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) во најновите прогнози.
Во јуни, ФАО процени дека во 2023 година, повисоките транспортни трошоци ја подигнале вредноста на увозот на близу два трилиони долари, додавајќи дека во 2024 година, најверојатно, ќе достигне нов рекорд.
Новите пресметки покажуваат дека трошоците биле 1,985 билиони долари минатата година и ќе останат на речиси истото ниво во 2022 година. Годинава, пренесува Хина, тие треба да пораснат за 2,2 отсто, на 2,03 трилиони долари, објави ФАО.
Трошоците за увоз на какао, кафе и чај ќе се зголемат за 22,9 отсто и ќе претставуваат повеќе од половина од вкупниот пораст по вредност, пресмета Агенцијата на ОН за храна и земјоделство, истакнувајќи дека зголемувањето е резултат на временските и логистичките проблеми.
Извозот на овие производи е важен за економијата на бројни земји, нагласуваат економистите на ФАО, па извозот на кафе во Бурунди и Етиопија обично покрива речиси 40 отсто од трошоците за увоз на други прехранбени производи.
Приходите на Шри Ланка од извозот на чај покриваат повеќе од половина од трошоците за храна, а какаото од Брегот на Слоновата Коска ги покрива целосно.
Земјите со помал приход ќе бидат олеснети оваа година поради пониските трошоци за увоз на жита и маслодајни семиња, утврди ФАО.
Трошоците за увоз во земјите со високи приходи, кои сочинуваат две третини од глобалната сметка за увоз на храна, годинава ќе се зголемат за 4,4 отсто, додека во земјите со висок среден приход, со пониски среден приход и со низок приход, тие се најверојатно ќе биде помал, пресмета ФАО во најновите прогнози, објавени на крајот на минатата недела.