Faralda crane hotel – три апартмани на кран висок 50 метри 

49

hotel na kran

Faralda crane hotel е хотел сместен на кран висок 50 метри и располага со три апартмани, во кои се сместуваат гости кои не се плашат од висина и уживаат во адреналин.

Овој необичен хотел е сместен во Амстердам, а има само три апартмани: Free spirit suite, Mustique suite и secret suite. До нив се доаѓа преку два лифта, а на 15-от метар од кранот има посебна просторија за одржување различни настани – Panoramic Lounge.

faralda hotel

Хотелот го носи името на една сензуална дама од 40-тите години на минатиот век од Холандија, која била позната по провокативноста и амбициозноста.

Faralda crane hotel доби три номинации на европските награди за гостопримство во категориите: иновации во услугата, најдобро користење на технологијата и хотелиер на годината.