
Британско-шведската фармацевтска компанија AstraZeneca ќе инвестира 2,3 милијарди евра во истражување и производство во Пекинг.
На овој начин, компанијата се обидува да ги надмине проблемите, кои вклучуваат напуштање на плановите за проширување на фабриката за вакцини во Велика Британија и притворање на врвни директори во Кина, објави Гардијан.
Инвестицијата во Кина ќе се реализира во текот на следните пет години како дел од стратешкото партнерство со властите во Пекинг, кое вклучува договори со три локални биотехнолошки компании.