Две од најголемите светски фармацевтски компании ги здружуваат силите за создавање вакцина против коронавирус – иако можеби нема да биде достапна до крајот на 2021 година, пишува Independent.
Британската компанија GSK и француската Sanofi ја објавија соработката со надеж дека ќе обезбедат траен имунитет на Ковид-19 евтино и на масовно ниво.
Нивната вакцина е една од најмалку 70 во развој низ целиот свет, бидејќи научниците се натпреваруваат да најдат начин да го запрат вирусот.
Ема Волмсли, извршен директор на GSK, се надева дека вакцините ќе бидат достапни за втората половина на 2021 година.
“Ова ќе биде значително побрзо време отколку за нормален развој на вакцини и тимовите на двете компании итно започнуваат да работат на тоа. Веруваме дека ако успееме ќе можеме да направиме стотици милиони дози достапни до крајот на следната година“, додаде таа.
Фото:Pixabay