Фармацевтските компании “љубоморно“ ги чуваат информациите за Ковид-19

42

Програмата на Светската здравствена организација за фармацевтските компании, посветена на доброволно споделување на знаење и технологии за борба против пандемијата, досега ниту еднаш не е применета од нејзиното основање пред осум месеци, дознава Гардијан.

Заедничката база на податоци под името C-Tap, основана во мај минатата година, со цел да се олесни размената на информации заштитени со патент за борба против вирусот, вклучуваат дијагностика, терапија и податоци од истражувањата.

Споделување на информациите требаше да им овозможи на квалификуваните производители од целиот свет да креираат опрема, лекови или вакцини без страв од кривично гонење поради кршење на патентните.

Целта беше да се намалат трошоците на производство, да се ублажи глобалниот недостиг на клучни лекови и технологии, како и ставање на пандемијата под контрола во најкраток можен рок.

“C-Tap е иновативна иницијатива и има среднорочен и долгорочен потенцијал, но од самиот почеток бевме свесни дека ќе бидат потребни поголеми напори и подолг временски период за да соберат различни групи“, вели портпаролот на СЗО.

Фото: Freepik