ФБиХ објави листа на спорни приватизации

20

privatizacijaВладата на Федерацијата Босна и Херцеговина објави листа на компании каде е воочена злоупотреба на приватизацијата и побара да дејствува обвинителството. На адреса на Владата изминатите неколку недели стигаа пријави од синдикатите, обесправените работници и претставници на цивилното општество, па се до финансиската полиција на ФБиХ.

“Одамна настојуваме да ја “спакуваме” оваа приказна околу проблемите врзани за приватизацијата и наодите на финансиската полиција за работењето на поедини стопански друштва. Списокот на сомнителни приватизации што го направи Владата не е конечен, тоа е наш придонес во борбата против криминалот што е направен во тој процес”, изјави премиерот на Владата на ФБиХ, Нермин Никшиќ за агенцијата Патриа (НАП).

Владата јавно им се заблагодари на сите коишто помогнаа да се направи списокот и ги повика и понатаму да пријавуваат злоупотреби.