ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка

22

FED

Управата за федерални резерви на САД (Federal Reserve System – FED) донесоа одлука за зголемување на рефернтата каматна стапка за 0,25 процентни поени, пишува CNN Money.

Зголемувањето на рефертната камата е мало, но ќе има големо влијание на милиони Американци, вклучувајќи ги инвеститорите, штедачите и оние кои купуваат недвижнини. Штедачите би можеле да добијат малку поголеми камати на нивните депозити во банките, но големите банки не ги зголемија стапките. Каматите на хипотеките постепено ќе се зголемат.

“Јас се чувствувам сигурна за параметрите на американската економија, здравјето на американските домаќинства и личната потрошувачка. Постојат притисоци од некои сектори во економијата, првенствено од производството и енергетскиот секор, но основата на економијата е стабилна“, изјави Џенет Јелен, претседателка на ФЕД.

Овој чекор на американските Федерални резерви е очекуван и претставува знак дека економијата закрепна од рецесија.