Федералните резерви на САД повторно ја зголемија каматната стапка

72

Федералните резерви (ФЕД) ја продолжија својата едногодишна борба против високата инфлација со зголемување на основната каматна стапка за четвртина поен и покрај загриженоста дека повисоките стапки на задолжување би можеле да го влошат банкарскиот систем.

„Банкарскиот систем на САД е здрав и издржлив“, се вели во писмената изјава на ФЕД.

Во исто време, ФЕД предупреди дека финансискиот пресврт што произлезе од колапсот на две големи банки „веројатно ќе резултира со построги кредитни услови“ и „ќе влијае врз економската активност, вработувањата и инфлацијата“.

Централната банка, исто така, сигнализираше дека најверојатно се приближува кон крајот на својата агресивна серија на зголемувања на стапките. Во соопштението што го објави, го нема претходниот говор што укажуваше дека ќе продолжи да ги зголемува стапките на претстојните состаноци.