
Средните очекувања за инфлација за следната година во Соединетите Американски Држави се зголемија на 3,4 проценти во март, што е највисоко досега оваа година, објави ФЕД.
Ова е скок во споредба со претходниот месец, кога претходно споменатата прогноза беше три проценти, објави „Трејдинг економикс“.
Кога станува збор за растот на цените на бензинот, очекувањата на потрошувачите се околу 9,4 проценти, што е највисоко ниво од март 2022 година и значително повисоко од 4,1 процент измерени во февруари.










