FedEx ја презема TNT Express за 4,4 милијарди евра

53

Fedex TNT

Корпорацијата FedEx нема правни пречки да ја преземе данската компанија TNT Express, откако антимонополското регулаторно тело на Европската унија даде согласност за оваа аквизиција вредна 4,4 милијарди евра, пишува Reuters.

“FedEx и TNT беа информирани од страна на Европската комисија дека немаат никакви забелешки за овој договор. FedEx и TNT се надеваат дека оваа понуда ќе биде затворена во првата половина од 2016 година“, информираат од FedEx.

Со оваа зделка, FedEx ќе биде втората најголема компанија во Европа за брза достава на пратки, зад германски DHL. Аквизицијата ќе овозможи FedEx да ја зајакне третата позиција во својата дејност на светско ниво.

Американската компанија за брза достава UPS во 2012 година поднесе барање за преземање на TNT, но беше одбиена од страна на властите во ЕУ бидејќи контролираше повеќе од 30% од европскиот пазар.