ФЕИТ организира Отворен ден

28

feit

Факултетот за електротехника и информациски технологии ги отвора вратите за идните студенти на овогодишниот Отворен ден.

Сите заинтересирани средношколци кои сакаат да студираат на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе ги добијат неопходните информации за упис на Отворениот ден, којшто ќе се одржи на 22.04.2017 (сабота) со почеток во 11 часот во просториите на ФЕИТ.

Пред средношколците ќе бидат изложени разни експонати кои произлегуваат од работењето на нивните колеги во лабораториите на ФЕИТ, како и потребните информации за запишување и студирање на Факултетот – новите студиски програми, условите за студирање и уписите (квоти, префрлување од една во друга студиска група, партиципација, стидендии).

Средношколците ќе може да ги погледат и просториите и лабораториите на ФЕИТ каде се одржува наставата.