ФЕИТ организира отворен ден

19

Otvoren den FEIT

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј организира Отворен ден.

ФЕИТ ги поканува сите средношколци да го посетат Факултетот на 09.04.2016 (сабота) од 10 до 15 часот.

На официјалното отворање во 13 часот во амфитеатарот на ФЕИТ ќе говори деканот на ФЕИТ, професор др. Миле Станковски и претседателот на Центарот за нови студенти, Славче Пејоски.

Средношколците ќе се запознаат со можностите и со условите за студирање и лабораториите на овој факултет.

Сите посетители ќе бидат пречекани од деканската управа и од колегите – студенти.