Фемили Партнер, нова ексклузивна агенција за застапување во осигурување на Граве осигурување АД Скопје

189

grawe

Нашиот досегашен член на клубот Safe Life се пререгистрираше во нова агенција за застапување во осигурувањето како ексклузивна агенција на Граве осигурување АД Скопје во Family Partner и официјално почнаа со работа од 01.02.2016 година. Изминатите неколку години беа најдобра ексклузивна агенција за застапување на Граве осигурување АД Скопје и поради тоа им е овозможено да се пререгистрираат во нова агенција како Family Partner и да добијат нова ексклузивнa програма Family Partner, којa е именувана како и самата агенција и која е најкомплетната програма на пазарот за животно осигурување. Покрај оваа програма, оваа година портфолиото на Граве осигурување АД Скопје е збогатено со уште две нови програми, Граве Смарт и Граве Кидс (штедење и животно осигурување за деца и возрасни без лекарски преглед и ограничување поради некаква здравствена состојба), покрај досегашното богато портфолио со најразлични програми за секакви потреби (штедење, девизна пензија, животно осигурување, приватно здравствено осигурување, инвестициски програми…).