Фени Индустри ќе ги постигне еколошките стандарди до април

11

feniФени Индустри ќе ги постигне задолжителните еколошки стандарди до април 2014 година, информира вчера раководството на фабриката, за време на посетата на министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми.

На средбата, раководството на овој индустриски капацитет го презентираше тековното ниво на реализација на ставките од Оперативниот план за усогласување со одредбите за добивање на А – Интегрирана дозвола. Според нив, од вкупно 18 точки од Оперативниот план за усогласување, 16 се веќе реализирани, така што Фени Индустри до април 2014 година, како краен рок предвиден со Законот за животна средина, треба да исполни само уште две ставки од Планот.