Ферара заминува од Фиат автомобили Србија

27

feraraГенералниот директор на компанијата Фиат автомобили Србија (ФАС), Антонио Чезаре Ферара, од први март веќе нема да биде на оваа функција, пишува Данас. Со фабриката во Крагуевац ќе раководи Силвија Варнети, менаџер во централата на Фиат во Торино.

Ферара се враќа во Италија, каде ќе продолжи да работи на одговорни функции во Фиат. Ферара во Крагуевац дојде во 2011 година. Во стручните кругови се оценува дека заминувањето на Ферара е знак дека фабриката на Фиат во Крагуевац “пораснала”, пишува весникот.

На 13 декември 2011 беше пуштена во работа новата фабрика на Фиат, во чија изградба и опремување беа инвестирани околу една милијарда евра и важи за една од најсовремените фабрики на оваа компанија. На 4 јули 2012 година започна сериското производство на првиот модел fiat 500L. ФАС е најголемиот извозник на Србија.