Фереро на мета на Европската комисија за можно кршење на правилата за конкуренција

– Италијанскиот гигант за кондиторски производи „Фереро“  потврди дека е под истрага на Европската комисија за можно кршење на правилата за конкуренција.

Производителот на „Нутела“ и „Киндер“ објави дека претставници на ЕК  вршат инспекции во канцелариите на компанијата, објави „Фигаро“.

Менаџментот на групацијата, која произведува и  бомбони „Тик Ток“, изјави дека „компанијата целосно соработува и ги доставува бараните информации“.