Ferrari ќе го произведе својот прв електричен SUV модел до крајот на годината

26

Италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили Ferrari откри детали за своите планови да го лансира својот прв електричен автомобил во 2025 година, поради обидите на компанијата да постигне јаглеродна неутралност до 2030 година.

Електричниот автомобил ќе даде тон за идните „зелени“ автомобили на Ferrari, изјави извршниот директор Бенедето Виња.

Италијанската компанија планира да генерира 60% од продажбата од хибридни и целосно електрични автомобили до 2026 година.

Ferrari очекува тој удел да се зголеми на 80% до крајот на деценијата.

Ferrari веќе има четири хибридни модели. Првиот SF90 Stradale, кој има 1.000 коњски сили и цена од 513.000 долари, беше лансиран во 2019 година и се базира на искуството на компанијата во Формула 1.

Електрични мотори и батерии за идните електрични возила на Ferrai ќе бидат создадени во базата на компанијата во Маранело, информира TechCrunch.

Ferrari е една од последните компании во луксузниот сегмент што претстави електричен автомобил. Bugatti, Bentley, Lamborghini, Rolls-Royce, Aston Martin и McLaren планираат да произведуваат само електрични автомобили до крајот на деценијата.

Тие се соочуваат со заеднички предизвик – одржување на ексклузивноста на брендот додека преминуваат од големи мотори со внатрешно согорување на батерии.

Според Ferrari, електричниот автомобил на компанијата ќе се одликува со тежината, звукот, моќноста на моторот и емоционалното искуство. Сепак, 75-години стариот бренд ќе се придржува до својата долгогодишна филозофија за обезбедување ексклузивност.

„Ние во Ferrari секогаш испорачуваме еден автомобил помалку отколку што бара пазарот“, рече Виња. „Можам да ве уверам дека ова никогаш нема да се промени“.

Ferrari планира да ги развива своите електрични возила преку стратешки партнерства кои обезбедуваат пристап до технологијата без негативно да влијае на профитот на компанијата.

Оттаму најавија и дека во септември ќе го претстават својот прв електричен SUV модел Purosangue. Неговата продажба се очекува да започне на почетокот на следната година со почетна цена од околу 300.000 долари.

Профитабилноста во сегментот SUV е речиси загарантирана поради зголемената побарувачка на потрошувачите и високите профитни маржи. Најблискиот конкурент на Purosangue, Lamborghini Urus, стана најпродаваниот модел на марката веднаш по неговото лансирање. Првиот SUV модел на Maserati учествуваше со 60% од продажбата на марката.

Сепак, Ferrari објави дека Purosangue ќе учествува со помалку од 20% од нивната продажба.