Ferrari претстави респиратор, дизајниран и направен за пет недели

100

Италијанскиот автомобилски бренд, Ferrari го претстави респираторот наменет за лица заразени со коронавирус, којшто е дизајниран и произведен за пет недели, пишува Formula1.com.

Уредот е лесен за употреба, а е развиен во соработка со италијанскиот Институт за технологија.

“Започнавме со неколку динамични симулации со цел да се испита работата на респираторот во различни услови и направивме неколку промени на вентилаторот и неговите компоненти, пневматски и механички компоненти, по што дадовме поддршка на тимот за набавка на сите суровини и трошоци за инженеринг“, велат од Ferrari.

Фото: Pixabay