Ferrero Group најави ново раководство кое треба да ја зајакне глобалната позиција

30

ferero

Фото: Ferrero

Кондиторската компанија Ferrero Group одлучи да постави нов менаџмент со цел да ја зајакне својата конкурентска позиција на пазарот и да ја забрза динамиката на раст, поставувајќи на одговорна функција личност која не е дел од семејството.

Од први септември, функцијата главен и извршен директор ќе ја преземе Лапо Цивилети, а генералниот директор Џовани Фереро ќе ја преземе функцијата на извршен претседател. Фереро ќе ја води групата, фокусирајќи се на долгорочни стратегии и иновации, истовремено обезбедувајќи континуитет на културата и вредноста на компанијата.

“Сигурен сум дека Цивилети ќе обезбеди континуитет во остварување на деловните цели“, вели Фереро.

Новиот извршен директор ќе ги води активности во насока на постигнување на краткорочни и среднорочни резултати.