Италијанскиот кондитор Ferrero ја купи најголемата турска компанија за производство на лешници, Oltan Gıda, пишува турскиот весник Хуријет.
Ferrero веќе откупуваше 70% од вкупното производство на оваа турска компанија.
Со седиште во провинцијата Трабзон, Oltan Gida има пет фабрики и уште три објекти за интеграција. Во сезоната 2012-2013, фирмата имаше обрт од 500 милиони долари и извоз на 68.000 тони лешници. На Oltan Gida отпаѓа една третина од вкупното производство на лешници во Турција, а од 2002 година е најголем извозник.
Од компанијата не сакале да дадат коментар за Хуријет.