Кондиторската компанија Ferrero планира во Србија да воспостави Центар за производство на лешници, да започне сопствено производство на 1.000 хектари и да воспостави кооперантски односи со земјоделците на територијата на централна и јужна Србија. Како што пренесуваат српските медиуми, Ferrero и српската влада денеска ќе потпишат меморандум за разбирање.
Потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ уште во декември минатата година најави дека се во тек преговори за соработка со Ferrero.