Ferrero планира да отвори Центар за производство на лешници во Србија

38

ferreroКондиторската компанија Ferrero планира во Србија да воспостави Центар за производство на лешници, да започне сопствено производство на 1.000 хектари и да воспостави кооперантски односи со земјоделците на територијата на централна и јужна Србија. Како што пренесуваат српските медиуми, Ferrero и српската влада денеска ќе потпишат меморандум за разбирање.

Потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ уште во декември минатата година најави дека се во тек преговори за соработка со Ferrero.