Италијанскиот производител на прехранбени производи Ferrero планира да ги прошири своите инвестиции во Турција, јавува Balkans.com. Фабриката отворена минатата есен во западната провинција Маниса ќе биде проширена за производство на повеќе варијанти на чоколадните производи од брендот Kinder. За таа цел, производителот на Nutella ќе инвестира дополнителни 47,5 милиони долари. Почетните инвестиции за фабриката се проценуваат на 142,5 милиони долари.
Во фабриката се вработени 200 луѓе, а во моментов производниот капацитет е 30.000 тони годишно.
За Ferrero, четвртиот најголем производител на кондиторски производи во светот, Турција е важен извор на една од главните суровини – лешници, бидејќи остварува околу 75% од светското производство. Ferrero на турскиот пазар е присутен 30 години.