Фершпед со добивка од 14,7 милиони денари во првото тримесечје од оваа година

33

Фершпед, во првиот квартал од оваа година, оствари добивка од 14.703.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – март минатата година, добивката на компанијата беше на ниво од 15.435.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март, достигнаа 732.700.000 денари. Поголемиот дел од 687.749.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 44.951.000 денари отпаѓа на продажба на странски пазари.

“Последиците од кризата ќе влијаат на оперативното работење на друштвото, на ликвидноста , како и на наплата на побарувањата. Има намалување на продажбите во доменот на услугите во сите сектори, а негативните ефекти особено се почувствуваа во сектор угостителство поради забраната за работење на угостителските објекти. Во моментов со одредени потешкотии се подмируваат обврските кон доверителите и доколку ситуацијата продолжи друштвото не ја исклучува можноста да побара репрограмирање на обврските спрема финансиските институции“, стои во Образложението за остварените резултати.

Фото: Pixabay