Македонски производители на органска и здрава храна денеска ќе се претстават на Фестивалот на органска храна и здрав начин на живот во Скопје.
Учесниците на фестивалот ќе стават акцент на унапредувањето на здравјето и создавањето здрави навики на сегашните и на идните генерации.
Освен дегустација на органска и здрава храна, во рамките на Фестивалот ќе се организираат работилници за јога за деца и возрасни, работилници со познати нутриционисти околу здравиот начин на исхрана и воспоставување баланс помеѓу телото и умот, се со цел граѓаните и посетителите на градот Скопје да се запознаат со сите предности кои ги носи користењето на органската и здравата храна.
Град Скопје по четврти пат е покровител на Фестивалот на органска храна и здрав начин на живот, а годинава тој се одржува во организација на здружението за организирање настани Подиум Скопје.