ФФРМ го разреши својот претседател

44

Андрија Секуловски е разрешен од функцијата претседател на Федерација на фармери на Република Македонија (ФФРМ).
Како што соопшти Федерацијата, Управниот одбор одлуката ја донел на седницата одржана на 13 февруари 2014 со мнозинство гласови, по констатирање на низа неправилности во неговата работа.
Управниот одбор на ФФРМ го назначи Мемет Синани, заменик претседател на организација за претседател на Федерацијата. Оваа функција Синани ќе ја извршува до крајот на март кога треба да се одржи редовното Изборно собрание на Федерацијата на фармерите на РМ.