ФФРМ: Како до успешна 2013 во земјоделието

23

agricultureФедерацијата на фармери (ФФРМ) заедно со своите членови деновиве реализира средби со сточарите и земјоделците низ Македонија. На средбите меѓу другото се зборува за состојбата во сточарството особено во Пелагонискиот регион, откупот на тутунот, продажбата на јаболката во Преспанско.

Како што соопшти претседателот на Федерацијата Андрија Секуловски, цел на средбите е да им се помогне на производителите во остварувањето на плановите за 2013 година.

“Секој регион има свои специфики и проблеми со пласманот на произведеното. Посебно во Пелагонискиот регион има проблеми со сточарството и затоа правиме напори да обезбедиме поевтини производи со што ќе се амортизираат т.н. ценовни шокови. Констатиравме дека ситуацијата со откупот на тутунот, што е при крај, е мирна и севкупната слика е позитивна. Продажбата на јаболката во Преспанско ќе се оствари во целост, бидејќи годинава имаме и повеќе ладилници”, рече Секуловски.

Федерацијата денес е во Струмица, неготинско-кавадаречкиот и велешкиот регион, а потоа продолжува во Кочанско и тетовско-гостиварскиот регион. ФФРМ порачува на нивните членови што поголемо организирање и здружување во кооперативи.