Финансискиот директор на Фиат автомобили Србија, Џери Кларк изјави дека очекува извозот на автомобилот Фиат 500L на амeриканскиот пазар да се најде од февруари 2013 година. Тој нагласи дека автомобилот е главно наменет за извоз и очекува до крајот на годината да бидат произведени 30.000 автомобили, а официјалната продажба во Србија започнува на 22 септември.
Најголема продажба на овој автомобил се очекува да се постигне во Италија и Германија, а можеби и во Франција. Во Србија се очекува до крајот на годината да бидат продадени стотина автомобили. Фиат 500L ќе се продава во 100 земји, вклучително и во САД.