Fiat 500L и Ford B-Max најбезбедни автомобили во својата класа во Европа

23

Fiat 500L EuroNCAPНезависното европско здружение за испитување на возила Euro NCAP ги прогласи Fiat 500L и Ford B-Max за најбезбедни возила во класата на мали повеќенаменски возила за 2012 година.

Во текот на минатата година, ова здружение изврши тестирање на 36 автомобили кои се појавиле во продажба на европскиот пазар, а повеќето од нив се наградени со максимални пет ѕвезди за безбедност. Оценувани се во четири категории: безбедност на возрасни патници, безбедност на деца – патници, безбедност на пешаци и асистенција на безбедносните системи во возилото. Меѓу тестираните, осум добиле оцена “најдобри во класата”.

За најбезбедно фамилијарно возило е прогласен BMW Serie 3, а во класата на мали фамилијарни автомобили истата титула ја зема моделот Volvo V40. Во категоријата супермини најдобар е Renault Clio, најбезбеден мал теренец е Ford Kuga, а најдобро големо SUV возило е Hyundai Santa Fe. Во категоријата која опфаќа лесни комерцијални возила, најдобар во класата е Ford Transit Custom.

fiat 500l