Fiat Chrysler инвестира две милијарди евра во Полска

58

Италијанско – американскиот производител на автомобили, Fiat Chrysler ќе инвестира две милијарди евра во фабрика во Полска за да опреми за производство на хибридни и електрични модели.

“Модерни, хибридни и електрични автомобили од марките Jeep, Fiat и Alfa Romeo ќе почнат да се произведуваат во полската фабрика во 2022-ра година“, изјави Јарослав Говин, потпретседател на полската влада.

Fiat Chrysler, којшто планира 38 милијарди долари финансиско спојување со француски PSA и создавање на четвртиот производител на автомобили во светот, соопшти дека подготовките за проширување и модернизација на фабриката започнаа во втората половина на оваа година.

Фабриката во Полска е една од најголемите и вработува околу 2.500 лица.

Фото: Freepik