Fiat Chrysler склучи партнерство со стартапот за автономни возила Aurora

23

 Fiat Chrysler ги здружи силите со Aurora, старт – ап од Силиконската долина којшто развива автономни возила.

Новиот договор доаѓа само неколку дена откако американско – италијанскиот производител на автомобили го откажа партнерството со францускиот ривал Renault, пишува CNBC.

Aurora зад себе веќе има успешни бизнис зделки со познати имиња од оваа индустрија, како Volkswagen и Hyundai. Основачи на компанијата се поранешни вработени во Alphabet, Tesla и Uber.

Стартапот, со седиште во Пало Алто, Калифорнија, на почетокот на годинава обезбеди инвестиции од 530 милиони долари во рунда што беше предводена од инвестициската фирма Sequoia и гигантот за е-трговија Amazon.

Фото: Facebook