Фиат ќе инвестира една милијарда евра во Торино

13

fiatИталијански Фиат ќе инвестира скоро една милијарда евра во Торино во фабриката Мирафиори, каде ќе го произведува моделот Масерати 4х4. Компанијата ова го соопшти на состанокот со претставниците на синдикатите, кои стравуваат дека фирмата ќе се повлече од Италија, јавува Ројтерс.

Синдикатите го прифатија колективниот договор за работа, признавајќи дека е неопходен предуслов за продолжување на ангажманот на Фиат во Италија, стои во заедничкото соопштение на компанијата и синдикатите.

Шефот на Фиат, Серџо Маркионе изјави дека компанијата веднаш ќе започне со планот за инвестирање потребно за продуктивни вработувања и за иднината на фабриката Мирафиори. Генералниот секретар на синдикатот УИЛ, Луиџи Анделети изјави дека со тоа се овозможува производство на Масерати 4х4, за што треба да започнат подготовките. Тој додаде дека очекува производството да започне 2014 година, до кога вработените ќе бидат на принуден годишен одмор поради технички причини.

Медиумите и синдикатите во Италија се сомневаа дека Фиат сака да го напушти седиштето во Торино и да замине во Детроит, штом ќе заврши спојувањето со американскиот партнер Крајслер.