Fiat ќе произведува само електрични автомобили

52

Дo крајот на оваа деценија Fiat ќе произведува само електрични модели автомобили, потврди извршниот директор Оливие Франсоа.

“Го истражуваме подрачјето на одржлива мобилност за се: ова е нашиот најголем проект. Меѓу 2025 и 2030 година нашата линија производи постепено ќе станува само електрична. Тоа ќе биде радикална промена за Fiat“, наведе Франсоа во соопштението.

Неговото соопштение упатено е пред Светскиот ден на заштита на животната средина.

Фото: Freepik