Најголемите 15 извозници во Србија, од јануари до септември годинава извезле стока во вредност од 2,9 милијарди евра. На листата најголеми извозници на првото место е Fiat Chrysler Automobili (FCA) со 866,6 милиони евра, потоа Железара Hesteel со 246,1 милиони евра и Tigar tyres со 238,6 милиони евра, јавува Танјуг.
На листата 15 најголеми извозници следуваат Philip Morris Operations, Нафтена индустрија Србија, ХИП Петрохемија, МК Група, Горење, Викторија Група, Тетра пак, Yura corporation, Хемофарм, Robert Bosch, Леони и Југоимпорт.