Фиат не може да стигне со нарачките, воведува и трета смена

19

fiat-500lПоради добрата продажба на моделот 500L на Фиат, во фабриката во Крагуевац одлучија да воведат и трета смена. Со тоа на веќе постоечките 2.600 работници ќе им се придружат нови 800, а досегашната десетчасовна работа во две смени ќе биде заменета за осумчасовна во три смени.

Директорот на Фиат Крагуевац, Антонио Ферара, истакна дека производството тече со полна пареа и дека овогодишниот план за производство на 160.000 возила е реален.

Во мај во оваа фабрика треба да започне производство на модел со седум седишта, кој ќе биде наменет претежно за американскиот пазар.

Фиат има 67%, а Србија 33% сопственост во фабриката во Крагуевац. Во Србија постојат околу 150 компании кои се занимаваат со производство на автоделови, со што автоиндустријата стана водечка индустриска гранка во оваа земја.