Фиат од Прага се сели во Будимпешта

61

Италијанската фабрика за автомобили Фиат ја напушта Чешка и со цел да ги намали трошоците, своето претставништво од Прага го сели во Будимпешта.

Будимпешта за централа е избрана поради нискиот данок, пониски цени на хотелите и кириите за становите.

“Еден голем пазар ќе значи подобра позиција во преговарања со матичниот концерн за испораки и цени”, им соопшти на вработените во Прага шефот на регионалната централа, Ласло Штекл.

Според Штекл, новата организациона шема ќе им пружи поголем избор на потрошувачите, затоа што ако досега кај дилерите во Чешка имале избор од 3.000 автомобили веднаш подготвени за испорака, еден голем централизиран магацин за цела средна и источна Европа во Унгарија ќе значи избор меѓу 10.000 возила.

На чешкиот пазар, продажбата на Фиат годинава забележа пораст од 6%, а минатата година во оваа земја покажа загуба од 1,2 милиони евра.