Фиат престанува да произведува сиви автомобили, а причината е „Dolce Vita“!

Италијанскиот производител на автомобили Fiat ќе престане да произведува сиви автомобили, објави мултинационалниот производител на автомобили Stellantis, сопственик на оваа марка.

Фиат од вторник ќе престане да произведува сиви автомобили. Одлуката е донесена за да се нагласи важноста на боите во животот и има за цел дополнително да го зајакне лидерството на Fiat како бренд на радост, боја и оптимизам, отелотворувајќи го италијанскиот начин на живот и потврдувајќи ја новата вредност на брендот „Dolce Vita“, истакна извршниот директор Оливие Франсоа.

Палетата на бои за каросеријата на автомобилот е „инспирирана од италијанското море, сонце, земја и небо“, се вели во соопштението.
Франсоа додаде дека компанијата сака „да ги инспирира луѓето да живеат со оптимизам и позитивност, што ќе биде една од мисијата на новиот електричен автомобил Fiat 600e, кој ќе биде претставен на 4 јули“.