Fiat вети дека ќе остане во Италија

22

fiatFiat му даде гаранции на Рим дека ќе продолжи да инвестира во фабриките во Италија и ќе го задржи силното присуство во земјата, каде што е основана компанијата пред 115 години, изјави италијанскиот министер за индустрија Флавио Занотано, пренесуваат агенциите.

Неодамнешниот договор на Fiat за контрола над американски Chrysler ги разбуди стравовите од намалување на присутноста и ангажманот на италијанскиот произведувач на домашниот пазар и намалување на работните места.

Од Fiat порачуваат дека загриженоста е непотребна и дека спојувањето со Chrysler ќе овозможи развој на технологијата и на мрежата за дистрибуција, како и зголемување на ликвидноста на двата произведувачи, што ќе биде само од корист за Италија.

Од компанијата соопштија дека планираат во Италија да ги произведуваат Jeep и новата линија на Alfa Romeo за извоз на пазарите во Азија, Латинска Америка и САД.

Стратегијата за трошоци и нови модели Fiat ќе ја објави во април.